Од некаде се слушна музика...
Ја донесе ветрот од друг крај на градот
или пронајде излез од некој заборавен,
напуштен ходник на потсвеста.
Од музика се создадоа слики...
Кадри замрзнати во момент.
Некои познати и пречесто гледани,
некои вратени кришум од заборав.
Сликите станаа подвижни...
Со нив се разбудија сите сетила.
Се мешаа мириси, звуци и зборови
во конечна форма на искусени спомени.
Comments
Post a Comment