(Не)чиста насмевка

 

Ви се воодушевувам вам чисти души

Секогаш ќе ви го следам насмевот детски

Сите вие што низ пеколот поминавте со ангелски лик

Ослободени од прангите на лукавоста

Само сонцето и морето ви се доволни 

За цветната градина во вас

И од плачот што не се стегате 

И пак низ смеа го раснете дрвото на животот

Што почнавте да живеете кога животот заврши за вас

Се она сте што јас никогаш не сум можел да бидам

Или стравот ме оковал со мисли 

Дека крилјата ми се од восок

Секогаш со насмев ќе ве следам

Со насмев ќе ве примам на прагот и вам 

Од бес болни и од плач исплашени

Зошто сум бил и од плач исплашен и од бес болен

Па нека насмевот мој зборува за прангите на лукавоста.




Comments