Ај нека е љубов.
Таква вистинска и душоземачка !
Ај нека се зборови и стихови,
и недомачени ноќи,
и не доминати деној,
нека е шо и да е ...
не се сомневам ,
не верувам,
не надевам ,
не замислувам ...
само гледам стих недомислен
онаков чист ...
Она откровение !
Она најсилното кое те дува толку силно
што ке ти ги скрати нозете,
ничкоса ,
и ке те носи далеку од се
кое е твое сигурно прибежиште и тло.
Она незаумна струја која може да те фати
во Асамати и ... дури око трепне однесе
пред арангелот на островот,
И кога таму на земја пак згазиш,
змиите пат да ти прават
и насочат да застанеш пред светињата која
од тебе се дигнала и те довела.
Е таков стих.
Она чувство !
Кога палаво си станал
на Иванден пред мугри
и скришум брзо си стигнал до ливадите
за да чекаш скриен во леските и капините
да дојдат само во риза наметнати...
момите,
не мажени и неветени...
И се носат пред тебе како
како семки од топола или глуварче,
бели облачиња кои земјата не ја допираат ...
и дури берат росни билки лековити
наваличето во прсти крв и миро пушта,
пчелинокот ги заспива од мирис,
и се мириса ...
а сонце озрева низ ленот
и ги прави ризите прозирни
и ги гледаш како да се скоро голи
со набрекнати пупки,
голи самовили и самодиви
играт по ливадите.
Она олеснување .
кога мисла која тежи ко планина
со мозок уморен и затруен од
болна досада и секојдневие
си го натерал да се разбуди
и да сколопи
на засега не замисливи начини
реченица кратка
од три четири збора
која кажува повеќе
од 10000 тома .
Е тој стихот
Таа мала и најголема победа
тоа изгрејсонце
тоа вечерно упокојување .
Тој стих
ме мачи веќе години .
Comments
Post a Comment