Ке те запре ли да се разбудиш ?
Новава војна и гладот .
Ке те запре ли да се разбудиш...
Паниката и стравот?
Ке те напаѓаат ли ноќе навите
и на уво да ти шепнат
за големата војна меѓу идеологиите...
Ке ти крадат ли сон вестите
за смртта на демократијата и западните вредности.
Ке ти врти ли низ главата мислата
дека и сега , како и досега
не си ништо повеќе од парче месо
со делузии за величина.
Јавач на допаминот од лајковите.
Реплика од себе,
која се лаже дека е слободна .
Додека најголемо достигнување за денот
ти е купената
конзерва
и стравот од луѓето страшен и голем,
можеби и поголем и пострашен од
oној кон себе.
А ке се разбудиш ли?
Comments
Post a Comment