Си велиш дека од жега,
се тетеравиш како болно куче.
Трепет во секој мускул.
Еднолиниско постоење,
во одумен простор
и хорови од штурци и цикади.
Знаеш, тебе никогаш не те плашел
студот надвор , ниту оној во планините.
Те плашеле ладни души и ненасмеани очи.
Те плашеле жеги и пожари во срцата,
а не оние кои го печат песокот
и ти ги горат стапалата.
И мислата ти лелеави меѓу убавината во постоењето
и
постоењето во убавина,
и години минати далеку од мирот.
Збрцан како сом во тињата која
ти сам ја креваш и
вознемируваш
за да останеш невидлив за светот
кој крај тебе минува.
Разбуди се Улисе , ден е,
O heart how long do you mean to be contempt.
Comments
Post a Comment