Процес

 

Трепери ракава

Знае дека треба да го покрие

Словото што до сега го пишувала

Изморена е

Другава не и помага во тој процес

Се врти

Де на дланка, де на опачина

Се што до сега создала

Веќе не важи и не е нејзино

Дури и овие зборови

Буква по буква одлетуваат низ етерот

Веќе е пладне

Трепетот полека се смирува

Но ќе остане

Како потсетник за непознатото

Ќе затрепери кога ќе осети студ

А понекогаш ќе биде мирно испружена

Како врз нечиј папок

Таа е без очи за безочно солзи да пушти

Без глас за со смев тишина да сруши

Но прсти има 

Што гром запираат со силен стисок

Па со нежен допир

Пуштаат галеж низ цветната градина.




Comments