Мека бела
патека
По која прстите полека чекорат
Тајна приказна читаат
Како со Брајово писмо пишувана
Длабоко скришно втисната
Среде сиот мрак светкаат
Само семафорите на булеварот во далечина
И тие крупни очи кои впиваат
Од кои одблеснува меко и питомо
Полната како златник Месечина
Топол здив и прегратка
Каде едниот завршува, а другиот почнува
Од заумни предели творат вистини
Да ги вдишат жедно, да ги испружат пред себе
А времето не застанува, гони, спотерува
Асфалтот повикува, се перчи со својата моќ
Небаре не е како патека од чад
Која ја обликуваме и гужваме во раце според
нашите желби
Која се покорува на ритамот на бескрајната ноќ
Во јаве кое навасува секаков сон
И изгора која ќе го надживее и крајот на
светот...
Comments
Post a Comment