Невидливи трофеи

Ноќта ги изоде последните милји,
му отстапи место на свежото утро.
Низ тенките отвори јурнаа зраци,
со светлост се обои малата соба.
 
На полици меѓу книги и украси
среќни моменти замрзнати в кадар.
Признанија, награди и слики
сведочат јавно за лични триумфи.
 
А некаде во позадина се скриле,
невидливи за сечие око,
трофеи за други добиени битки
водени некаде внатре во нас.
 
За кога храброста го совлада стравот...
За кога волјата го победи очајот...
За кога одлучноста го избриша ризикот...
За кога грижата го скроти гневот...
 
Еднакво вредни кo се’ што е наше,
експонати во музејот на душата.
Блескаат гордо во полна слава
со отсјај роден во темнина.
 

 


 

Comments