Ако ангелите меѓу
нас имаа имиња...
Ако невидливото
се загне та да испере очи...
ако сите ние имаме имиња ?
Ние страдните, сакатите и болните.
Ние...
Ние кои болка менуваме за...
за ред зборови со заедничко ништо,
присилени заедно зад возвишена смисла.
Ние безбожните и безимени деца.
Ние созданијата на историјата и утреш.
Ние пијаните слепци за наситени сетила желни.
Ние чедата на лафот...
Поети зар и тогаш нема да ви е доволен стихот?
Comments
Post a Comment