Низ
буките татнеж на тапан ...
казаните спремни да нагостат гости
за помен на Готен.
А јас тивок и со навеана мисла во зашеметена глава
од августовска жега...
„Додека има еден да го сонува – ке постои“
и да ти навистина си таков сон.
Милиони те сонуваат,
милиони знаат за тебе.
Не умираш туку крадешкум и незнајно
ги палиш невроните,
да затегнат мусклул,
да пуштат солза,
да наежат кожа,
ама и да те мразат,
и да те колнат.
А ти само постоиш
дури има кој да те сонува
во сон или кошмар.
И додека те сонуваат
ке имаш и синови
кои сакаат сонце,
и дигаат зелен бајрак за на свадба
црвен за на војна.
И додека има еден кој те сонува
ке те има и тебе мајко.
Comments
Post a Comment