Имај милост – не убивај ме
Бесшумно, но без престан трн по трн прободувајќи ме
Имај верба – не оставај ме
Сама на студов, боса врз рапав макадам
Имај доблест – помогни ми
Поткрени ми го товарот кој сурово ми ги крши плеќиве
Имај нежност – допри ме
Смири го трепетот од стравот кој ме нагризал одвнатре
Имај сила – закрили ме
Да не прегорам и се стопам кон ништило
Имај слух – почуј ме
Тивкиот крик кој горко го голтам да не зататни
Имај глас – кажи ми
Да поверувам во светлина на кандило кое не умира
Имај раце – изрезбари
Порта богата кон патеки тивки, спокојни
Имај очи – погледни ме
И види го крајот на приказната испишана на студениве образи
Имај храброст - земи ме
И испиши нова нетлена за сите идни години
Comments
Post a Comment