Див цвет

 

Го погледнав светот со светли очи на невиност,
а видов студено, сурово и мрачно место.
 
Го погледнав пак со темни очи лишени од сјај,
а видов места прекриени со светлост и убавина.
 
Па решив да бидам редок див цвет,
растен во сопствено одбрани бои.
 
Сред видлив, но тешко достапен терен,
по пат познат на само неколкумина избрани.
 
Скриен од мразови, но и топлини лажни,
штитен од проѕирен непробоен свод.
 
 

 

Comments