Земја


Не знаеше плугот

Колку длабока е браздата

И дали ја боли земјата

Така изорана и ровка

Спремна за сеидба 

А таа пак не знае

Крик да пушти

Само мирис шири

На закопаното минато.





Comments