Нема лик ниту форма, ни свој облик и
боја.
За него нема прецизна дефиниција.
Вешто го остварува својот смел план
да заборавиме дека воопшто и постои.
Се’ додека не не’ принуди да се
сетиме...
Кога ќе ни однесе нешто скапоцено,
кога ќе замине херој од детството,
кога ликот пак ќе ни го промени.
Па ќе колнат луѓе негова суровост
дека се’ што зема никогаш не враќа.
Дека чува тајна без одговор:
до кога ќе биде наш верен придружник?
А тоа чувар на спомени и потсетник е
да ја видиме будно секоја шанса.
Да оставиме свој најсветол печат,
за да станеме дел од
бесконечност.
Comments
Post a Comment