Marcus Aurelius



 “ ‘Leaves, some the wind scatters on the ground. So is the race of men.’ Leaves are also your children. Leaves can cry out for credit, bestow praise, or on the contrary curse, blame or sneer and receive and transmit fame to later times. All such things are produced in spring and the wind casts them down, and the forest produces new leaves in their place. A brief existence is common to all things, and yet you avoid and pursue all things as if they would be eternal.”

Marcus Aurelius


1.


Падавичар, Филозоф, Смотан...
Си играше во песокот...
Мал, сам, Заборавен...
Те жалеа тетките и стринките 
Мал, сам ... скоро заборавен во песокта.
Си кажува себеси дека немора да се плаши 
од она кое го разбира,
и дека ако разбира
ке нема страв ,
ке нема срам ...
Жален, сам, во песокот...

Курјак, Деликвент, Некапен...
Си играше со и мегу луѓето.
Мал , сам, невидлив...
Те отфрлаа како различен...
Те гушкаа само другите избркани... 
Поголем поумен, но сам и секогаш со една нога низ вратата.
Стравот го претворил во оружје,
посматра , разбира и предвидува 
нема срам , 
а секој страв е само чудовиште кое треба да го погали.
Жален, сам, во дивината.

Рмбач, Безобразен, Боем...
Сега си се претворил самиот во песок
Безстрашен, безсрамен 
Поголем од животот 
Не положена сметка пред никого 
Стравот е сега силата и ураганот 
кој пред тебе се дига.
Жален сеуште, сам уште повеке. 


2.


Таму некаде длабоко во коските, 
На секое делење на клетката 
и во секој нуклеотид го осеќав дека постои.
Она тајна која на никој не се кажува 
Она кое е толку скриено што,
ни пред себе не го признавав...
Таму беше, толку длабоко скриено 
покриено, завиено. 
Таа стерна која живот цел сум ја 
затнувал со пеплишта, со калишта,
со партали и со туч....
Таму некаде во најдлабокото 
Во тишината.
Таму кога си играше со песокта
 и Атомите
и Брановите
и стиховите
и вртењето околу стубовите
И вкусот на мирис на праска
И тонот како бојата на крлушка од смок
И лицата на таванот 
Буквите на крзното на мачките.
Се тоа таму беше  дозволено... 
ама не и пред светот...
Тие не го разбираа тоа дете 
кое пелтечи, се удира по главата кога ке згреши,
тоа дете кое објаснува музика со бои 
вкусови со допир
стихови и зборови во слики
Кое гледа бранови каде лугето гледаат згради
и веројатности и ентропија во полна кафана. 
Тоа дете , тој јас 
кој зајдува кога плаче,
и заради кого научив да не плачам...
Тоа дете , тој јас
кое е преплашено дека грешно ке го разберат,
па научило да чита луге.
Она дете , оној јас
Падавичарот, Смотаниот, сезнајниот и специјалниот.

3.

Лисјата со боја како А dur 7 
кои ми зборуваат под нозете 
за магијата во двојниот хеликс
и квантната гравитација,
додека визуелизирам зошто 
патките се толку лоши и не ефикасни летачи 
а на лицето на човекот кој ме разминува
гледам микроекспресија на гадење 
од кучето кое го шета некаква девојка
која претерала со парфемот доволно
за да ми го блокира половина мозок.
Секундата минала а јас сум веке 3 чекори 
поблиски до канцеларијата,
кога девојка со 4721 АБ регистрација 
прелетува на црвено за да влета во бранот
на незадоволни сами луге кои го блокираат
градот со нивните регистрации.
Среќа што се научив да не ми ги крадат очите веќе.


4.

Ја отворив вратата и посегнав во темната соба 
Со најразумен тон му реков дека може да излезе...
Му реков :
„Дојди , веке нема страв , сега можеш да излезеш.
А пак и има неколку деца кои сакаат да си играте заедно“
Како да се смени светот кога се насмевна и ми рече 
„Ама јас бев цело време надвор, и сите твои мисли се јас
јас ги галев оние кучиња кои те плашеа,
јас ги пишував стиховите, 
јас ги броев чекорите,
јас знаеш никогаш не бев ни затворен.
Тоа само ти криеше дека сеуште си сам во песокот.“


5.

Песокта не беше длабока , копав во неа
и наидов на пеплишта , калишта , партали и туч...
и од под нив бликна вода.
И со песокта и калта и пепелот од околу направив
ѕидови и истеци за оние кои ке сакаат да се напијат. 
Дел од парталите ги зедов и запалив оган
и го стопив тучот во двоен хеликс и лира, 
Споени врз астал и од нив да лие водата....
Од парталите кои останаа конци и знаменца 
одгоре надолу до чешмите и истеците. 
Песокот стана фонтана ... 
Се гордев со падавичарот кој играјки си
во песокта го разубави светот.
Овај свет го оформуваш само со умот, 
неговата цел никогаш не да направи 
да те вбројат во мнозинството, 
туку да избегнеш да 
те вбројат меѓу лудите... 
и среќата зависи
само од убавината на мислата. 



 








Comments