Мудрост е знаење претворено во искуство
Метафора е чувство претворено во разбирање
И двете се сол,
Одамна заборавен спомен од море.
Сонив лош сон.
Иземен, те барав.
Да!
Те барав.
Како да ми зеле од она кое сум ткаен,
конци без кои не сум цел.
Како двете нишки да...
Да се оделиле и сега сум
само РНК а не цел човек.
Гледав безцелно...
Ја подголтнав болката,
и гордоста,
и срамот.
Станав и како шо ме учеше баба ...
На десна рака сол,
Преку левото рамо
и на натемаго в очи .
На лева рака сол,
Преку десно рамо
и на злите в уста!
И на рацете сол
под чешма за да вода спомен однеси.
Нека се врати солта во морето
А морето ,
нека морето пак пресуши....
А јас ,
Јас и низ солта
и низ океанот.
И за себе...
И против себе...
како ти што си
нишка од мене
ке сум до тебе.
Не сум пресушил...
и...
Сеуште не ме носи вода.
Comments
Post a Comment