Додека се тенчеа деновите
Како стока ме истераа
до изворот на тагата,
Та се и ко стока налокав
дури не затежна меот.
Паднав а околу
се помалце светло
се по краток денот.
И виеа волци
надглава орли, соколи
врани и мршојатци.
Снагава олово.
секундата година.
До мене даб - свето дрво
та ги заглавив нозете
мегу две гранки
и провиснав со глаата
прудолу ,
гранка ми ја проби слабината
гранка ми око изваде.
На прв ден
врани и свраки крв гоштевав.
На втор ден занеможев
и ми се зеде гласот.
На третиот,
сонцестоење...
ргна од мене да
излегува болката
ко чиста светлина
и по земјата да прави
восфал од
чкртки и завртки.
Ргна збор,стих
и песна.
Comments
Post a Comment