Дишам

кога помислувам на тебе

ги затворам очите и чувствувам

дека патувам некаде далеку

ги отварам и се наоѓам себеси

во сред пустина со по некој кактус

седнат на мојот ергономски стол


ветрот ми го гори лицето

песокот ми ги гори стапалата

но тука нема болка

само бескрајна ширина

и широк поглед

што не содржи ништо посебно


воздивнувам толку гласно

што го запирам звукот на ветрот

само дишењето можам да го слушнам

посакувам да беше твоето


знаеш, посадив повеќе души 

што го дишат океанот наутро

онолку колку што сакаше ти


тркалам бројаница низ прстите

и ги затворам очите

немам страв од мртвите

иако кактусите се трнливи

сеуште се далеку 

од мојот ергономски стол


тркалам бројаница низ прстите

му пркосам на постмодернизмот

им се смеам в лице на филозофите

никаде душа не прочитав

а чувствувам често, барем ти знаеш


а што би правел инаку

би полудел?



Comments