Лажна тага и погреби во декември

Починав на 18 декември,
беше четврток.

Но за да не им уништам викендот
на луѓето кои ме познаваат,
наредниот ден — отидов на работа.

А потоа беа празниците,
и нема ништо поужасно
од погреби за празниците.
Тоа стварно го уништува
новогодишното расположение.

Не дека не сум мртов —
тоа е небитно.
Не бев многу жив и пред тоа.

Некултурно е,
невоспитано е
на луѓето
да им го уништуваш
расположението и плановите
со некоја таква тривијалност.

А сигурно ќе им е
заморно глумењето,
тагата и зборувањето за минатото,
во кое можеби и сум бил жив.

А и…
нема кој да ми ги нахрани
мачките.




Comments