Explanation for All of It


се будам во седум,
пијам кафе без вкус,
одам покрај луѓе што научиле да не гледаат.

формулари на работа,
формулари за формулари,
ги пополнувам совршено.
никој никогаш не  рекол ништо.

за ручек гулаб слетува,
ме гледа,
си оди.

Дома имам стол на кој никој не седи,
мислев да го фрлам,
уште верува во мене,
па го оставам.

во вторник некој рече добро утро,
мислев за тоа три дена.

и ова е објаснувањето за сето тоа:

ги сакав, премногу, без план, класична грешка.
луѓето се исплашија и си отидоа, како гулабот, но со повеќе извинувања.

мачките останаа.

една ми спие на нозете токму сега, таа само најде топло место и одлучи дека е нејзино дома,
луѓето лажаеа само дека е така.

мачките...
Тие живеат кратко и кога ке ги снема
кршат едно срце.

луѓето кршат многу, моето и други.



Comments