Loneliness stew или Чорба за еден



Тенџерето седи на шпоретот како црно око, 
Тежок, немигачки сведок на злосторството. 
Го сечкам кромидот додека рацете ми треперат, 
Не од тага, туку од апсурдот на сето ова. 
Еден човек. 
Една пајнца. 
Еден стол. 
Пола леб, 
Стврднат оти од вчера. 
Готвам за луѓе а никој нема да дојде, 
Со мерките кои ги памтат рацете. 
Тенџерето не знае. 
Тенџерето само врие. 
Пареата се крева како прашање,
За кој е ова? 
За кој бе ова сега? 
Само мешам. 
Продолжувам да мешам, 
иако нема никаква смисла.
Миризбата се лепи за завесите.  
Мирисот и неиспразнето тенџере,
е се кое што ќе остане утре. 
А другиден кога ке се дојаде...
ке остане,  
мирисот , немиено теџере
и сам јас.
Сепак сечкам. 
Сепак мешам. 
Не затоа што сум гладен. 
Туку затоа што рацеве треба да прават нешто.





Comments